Силен земјотрес го погоди вчера западниот дел на Мексико, при што загина најмалку едно лице.



Земјотресот дополнително предизвика паника кај граѓаните бидејќи по трет пат се случува на ист ден – 19 септември.

На 19 септември 1985 година, земјотрес со јачина од 8,1 степени според Рихтер во Мексико Сити уби повеќе од 10.000 луѓе и уништи стотици згради.

На годишнината од тој земјотрес во 2017 година, потрес со јачина од 7,1 степени според Рихтер загинаа околу 370 луѓе, главно во главниот град.

Земјотресот овој пат бил со јачина од 7,7 степени, јави Националната сеизмолошка агенција.

„Ова е застрашувачка коинциденција! Зошто повторно денес?“ вели 73-годишната Лаура Ресендиз изјави пред зградата во која живее во Мексико Сити.

Ова е трет силен земјотрес регистриран во оваа латиноамериканска земја на 19 септември.

Но, според Националната сеизмолошка агенција, тајмингот бил само случајност.

„Нема научна причина тоа да се објасни“, додаде таа, оставајќи некои жители да бараат други одговори па дури и такви дека тоа е некеков знак од Бог.