Орбан ја мрази Украина, а Унгарија е тројански коњ во ЕУ, вели советник на Зеленски

Михаил Подолјак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, реагира за оценката на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека „војната во Украина би можела да потрае до 2030 година и таа може да остане без половина територија“, како и за неговото барање за укинување на санкциите против Русија.



„Орбан вели дека ќе се бори за укинување на санкциите против Русија. Да ги наречеме работите со вистинското име: Унгарија е тројански коњ и бара колапс на ЕУ на сметка на европските даночни обврзници. Орбан ја мрази Украина и сонува за ‘руски свет’ во Европа. Дали ЕУ треба да финансира ваков вид на субверзија?“, прашува Подолјак.