Министерката за одбрана ,,му пресуди” на Ковачевски: Документот за воена (не)способност постои но е воена тајна

Во обид да го одбрани од документите според кои Димитар Ковачевски или лажно добил уверение за неспособност или навистина е психички неспособен да оди во војска, министерството за одбрана кое го води Славјанка Петровска потврди дека има документ за премиерот поврзан со случајот.



,,Документот кој е објавен на социјалните медиуми и презентиран од политичка партија, по првичната проверка претставува документ кој во документација на Министерството за одбрана и Армијата првично е заведен како документ со печат „воена тајна“ а подоцна по носењето на Законот за класифицирани информации, добива класификација “строго доверливо“. Министерството за одбрана, согласно своите надлежности, постапувајќи по Закон и штитејќи ги интересите на државата и на граѓаните, отвора постапка за утврдување на одговорност за несовесно ракување и неовластено објавување на документи со класифицирана содржина. Министерството за одбрана ги повикува политичките партии и поединци, во своите настапи и обиди да придобијат политички поени, да стојат понастрана од припадниците на Министерството за одбрана и Армијата, да не ги поттикнуваат на извршување на кривични дела, со кои го нарушуваат сопствениот но и угледот на Министерството и Армијата”, велат за Канал 5 од Министерството за одбрана.