Жестока битка за именување на првиот човек на Агенцијата за национална безбедност (ААНБ) меѓу фракциите во СДСМ.
Се уште актуелниот директор на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски ги минал потребните институционални филтри и чека потпис од претседателот Стево Пендаровски за негово испраќање на амбасадорска служба во Париз, што значи дека Владата, на предлог на премиерот Димитар Ковачевски, треба да избере нов директор на АНБ.
Според информации на Фокус, во најсериозна конкуренција се три лица „од куќата“, односно вработени во Агенцијата. Меѓу нив се Зоран Мацкиновски, началник за стратешка соработка, Љупчо Мреновски, началник на одделот за контраразузнавање, и Заре Милошевски, началник по екстремизам во директорат за операции.
Според весникот иако се уште нема конечна одлука, според добро упатени избори, најголеми шанси му се даваат на Милошевски, кој е брат на Томе Милошевски, поранешен помошник-министер на одделот за обезбедување на ВИП личности и објекти, додека нивниот трет брат, Милан Милошевски, своевремено беше директор на ГТЦ.
Неофицијално според Фокусј, Милошевски важи за близок до генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), која во 2019 година се трансформираше во АНБ, со тоа што системите за прислушување се издвоија во Оперативно-техничката агенција (ОТА).
Во игра е и државната секретарка во МВР Магдалена Несторовска која е кандидат на Оливер Спасовски.
Повеќе на овој ЛИНК





