Државната погребна церемонија на британската кралица Елизабета Втора (1926-2022) ќе се одржи денеска во Лондон по 11-дневната национална жалост во Обединетото Кралство.



Меѓу 2.000-те поканети на погребот има околу 500 светски лидери, меѓу нив, претседателите на САД и Франција, Џозеф Бајден и Емануел Макрон, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Македонскиот претседател Стево Пендаровски и сопругата се меѓу поканетите.

На погребот има членови на кралските семејства од Шпанија, Монако, Норвешка, Холандија, Данска, како и јапонскиот император Нарухито, кој ќе го направи своето прво патување во странство откако дојде на тронот во 2019 година.

Официјални лица од Русија, Белорусија, Северна Кореја и Мјанмар не беа поканети на погребот.

Кралицата Елизабета се искачи на тронот во 1952 година и беше сведок на огромни општествени промени.

Со смртта на кралицата завршува најдолгото владеење во историјата на Обединетото Кралство и едно од најдолгото владеење од кој било шеф на држава.

Елизабета II стана кралица по смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ VI, на 6 февруари 1952 година.

Таа беше крунисана во Вестминстерската опатија следната година.

Нејзиното владеење од 70 години беше седум години подолго од она на кралицата Викторија.