Бугарија: Се’ повеќе млади семејства се селат на село

Се повеќе млади семејства го напуштаат животот во големите градови за да живеат на село, а само во 2021 година во селата од градовите се населиле 32.000 луѓе.



Огласите за купопродажба на недвижен имот изобилуваат со потрага по селски куќи, во повеќето случаи дури и локацијата не е особено важна, пишува БГНЕС.

Темата за враќање на село е особено актуелна на социјалните мрежи.

Во тематската трупа со наслов „Враќање на село“ членуваат близу 139 илјади луѓе.

Во групата „Имоти околу Софија“ има близу 90 илјади членови, а секој оглас за селски имот има десетици коментари и прашања.

Над 140.000 корисници се исто така членови на групата „Рурални имоти“, а забележливо е дека таму коментираат претежно млади…