Украина: Русите загубија 50% од војниците при бегство од Харков

Главниот штаб на украинските вооружени сили утринава соопшти дека руските војници изгубиле половина од својот персонал во бегството од областа Харков, откако украинската армија извршила молскавичен контранапад и ослободила илјадници квадратни метри окупирана територија.



Во своето бегство Русите оставиле зад себе повеќе од 200 парчиња воена опрема, соопшти украинската армија.