За Норвешка имаме потенцијал за граѓанска војна

Норвешка смета дека во Македонија има потенцијал за граѓанска војна и затоа лани не сакала да продаде воена опрема на земјата.



Според извештајот на норвешкиот парламент за извоз на оружје и воена опрема за 2016 барањето на Македонија за набавка на опрема се одбива.

Покрај Македонија одбиени се и Бангладеш, Колумбија, Џибути, Египет, Филипини, Иран, Израел, Капе Верде, Казахстан, Кипар, Макао, Мароко, Молдавија, Пакистан, Саудиска Арабија, Тајван, Тунис, Украина, Уругвај, и Виетнам.

Во образложението на владата во Осло се вели дека е против продажбата на оружје и муниција “во подрачја каде што се води војна меѓу земји или каде што постои опасност од граѓанска војна”.