Министерот за локална самоуправа Горан Милевски утрово за ТВ21 потврди дека идната недела се повлекува од функцијата.
Горан Милевски планира да се повлече и од функцијата лидер на ЛДП, а според информации на Фокус, размислува и за целосно повлекување од политиката.
Како што неофицијално се дознава, тој прво ќе се повлече од министерската функција, додека партиската функција ќе ја извршува до следниот редовен конгрес, што треба да се одржи до крајот на годинава.
Во меѓувреме пак во ЛДП се водат разговори за негов наследник.







