Алијанса на Албанците избира наследник на Зијадин Села

На партиското Централното собрание на Алијанса на Албанците денеска и официјално ќе биде констатирана оставката на досегашниот лидер на партијата Зијадин Села.



Истовремено, треба да биде избран новиот в.д. претседател на Алијансата за Албанците.

Села на 21 август годинава даде оставка по слабите резултати на последните избори за советници во Советот на Општина Тетово, на кои Алијансата за Албанците не освои ниту еден мандат.

Села тогаш најави дека повеќе нема да се кандидира за претседател на партијата бидејќи, како што рече, според статутот тоа право го има само двапати, откако на функцијата прв човек на АА беше реизбран на Конгресот одржан на 27 март годинава.