Михајловски: Долги се километрите на патиштата во Македонија

„Рокот за изградба на првите 2 километра од вкупно 13 километри автопат Скопје – Блаце се одложи оти тешко оди експропријацијата и на теренот излегле други непредвидени ситуации, кажа директорот на „Државни патишта“ Ејуп Рустеми.



Хајредини: Ако не се знае за 2, колку ли време ќе се градат 12 км од автопатот Скопје -Блаце

Кои се тие непредвидени ситуации? Израсна некоја планина на трасата од 2 километра? Некоја река да не се појави? Или се појавија несанкционирани нови дивоградби за да бидат обесштетени? Па, како и за пречистителната станица во Скопје и за овие 2 километра не можат да се договорат процентите. Да не е многу?

Бујар Османи, уште во јули 2019 кога беше вицепремиер за евроинтеграции, најави дека „не треба ни ден да се изгуби“ свечено промовирајќи го автопатот кон Косово како координатор на проектот. Во јануари 2020 година тогашниот директор на Државни патишта Зоран Китанов изјави: Првите километри од автопатот ќе можеме да ги возиме веќе следното лето 2021.

Бујар стана министер за надворешни работи и веќе не е координатор. Китанов мораше да биде сменет оти „Државни патишта“ им се паднаа на ДУИ. Тогашниот министер за транспорт Горан Сугарески си се врати во Прилеп.

А, ние се жалиме за автопатот од Кичево до Охрид што почна да се гради во февруари 2014. Многу километри се тоа. 57.

Долги се километрите во Македонија“

Извадок од редовната колумнаж „Сакам да Кажам“ на новинарот Горан Михајловски