Ова денеска го изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Според него Договорот е „еден од столбовите на евроатлантска Република Северна Македонија, заедно со Преспанскиот и Охридскиот договор, а еднонационални референдуми за стратешки прашања на државата се опасен преседан и тие не смеат да се случат“.
Министерот Османи додаде дека меѓународни договори не можат преку да се поништат преку еднострани одлуки.
Според Османи, сепак, опозицијата со иницијативата за референдум за договорот со Бугарја му направила услуга на процесот за уставни измени затоа што, како што истакна, ја раздвоила дебатата за уставните измени и Договорот со Бугарија, бидејќи едното и другото не се поврзани.







