Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) идентификуваше поединци кои и помагале на Владата на Руската Федерација во Украина, и пред и за време на упадот на Русија, кон кои ќе бидат воведени санкции.



Меѓу нив е, Рамзан Ахматович Кадиров, лидерот на руската република Чеченија . Кадиров беше унапреден во чин „генерал-полковник“ за неговата улога во упадот на Русија во Украина.

OFAC презеде акција против некои од неговите најблиски членови на семејството меѓу кои неговите три сопруги: Медни Мусаевна Кадирова, Фатима Шеихиевна Хазуева и Аминат Ахмадова.

Санкции ќе има и за ќерките на Кадиров, Ајшат Рамзанова Кадирова – најстарата од возрасните ќерки, Карина Рамзанова Кадирова која е раководител на образовна институција во Чеченија и Табарик Рамзанова Кадирова..