Ова денеска го соопшти пратеникот Борислав Крмов она прес-конференција во Собранието, откако највисоките органи на Левица вчера дискутирале за оваа тема, но не прецизирале како ќе гласи референдумското прашање. 



Според Крмов, ако собранискиот претседател Талат Џафери ја отфрли и оваа иницијатива, заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе најават целосна блокада на Собранието.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вчера повика на целосна блокада на Собранието поради односот на Џафери кој ја отфрли иницијативата за референдум и кажа дека тоа било спротивно на Уставот.