Албанија заплени танкер со 2.275 тони шверцувана нафта

Албанската крајбрежна стража пресретнала танкер во близина на пристаништето Драч под сомнение дека пренесува шверцувана нафта.



Танкерот „Queen Majeda“ кој доаѓал од пристаништето Бенгази во Либија, пренесувал 2.275 тони шверцувана нафта, вредна околу 2,2 милиони долари,јавува опорталот Exit.al.

Полицијата јави дека истрагата за бродот траела неколку месеци и била финализирана со апсење на капетанот на бродот, З.А. (54) како и тројца членови на екипажот од Либија и Сирија.