Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вчера ја отфрли иницијативата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за одржување референдум за поништување на договорот со Бугарија, потег што предизвика бројни и бурни реакции во јавноста
„Со ова Џафери го прекрши Уставот, покажа недозволливо незнаење на правото и ѝ плукна во лице на демократијата.
Ова е веќе такво ниво на партиско самоволие кое задира во темелите на уставниот поредок и не смее да се толерира.
Колку што се сеќавам уште не е променет членот 2 од Уставот според кој власта во државата им припаѓа на граѓаните кои меѓу другото можат да ја остваруваат и преку референдум, реагира на Фејсбук професорката Мирјана Најчевска на одлуката на парламентарниот спикер да ја отфрли иницијативата за референдум поднесена од ВМР-ДПМНЕ.
„Добро бре дојдовме до тоа дереџе Апасиев да ви држи лекции и да има право (добро не во се ама во голем дел)?
Значи како што некој договор станал дел од внатрешното право може и да престане да биде дел од внатрешното право а граѓаните го имаат последниот збор.
И да нема забуни: јас сум за европските вредности и развој на државата врз основа на овие вредности.
Влезот во ЕУ треба да биде формалност за држава која ги практикува. Не прифаќање на европските вредности за да влеземе во ЕУ туку влез во ЕУ затоа што ги прифаќаме овие вредности“, пишува Најчевска.







