Од 2014 година, Русија тајно потрошила повеќе од 300 милиони долари за да влијае врз политичарите во повеќе од 24 земји, тврди Вашингтон.



Тврдењето на Стејт департментот се заснова на декласифицирана проценка на американското разузнавање. Висок функционер во администрацијата на претседателот Џо Бајден рече: „Сметаме дека ова е само врвот на ледениот брег“.

Русија јавно не ги коментираше тврдењата, а самата Москва постојано ги обвинува САД за мешање во внатрешните работи на странските земји.

Американските разузнавачи „веруваат дека тоа се минимални бројки“…

Проценката на американското разузнавање не наведува конкретни земји или официјални лица за кои се верува дека биле цел на Русија – но се вели дека Москва купува влијание на четири континенти.