Аналитичарот и прв извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Александар Кржаловски, за Дојче веле вели дека одлуката на претседателот на Собранието, Талат Џафери,за отфрлање на иницијативата за референдум што ја поднесе ВМРО ДПМНЕ, е контроверзна и непродуктивна.
ЏАФЕРИ: РЕФЕРЕНДУМ НЕМА ДА ИМА
Со ваков однос кон опозицијата, како парламентарното мнозинство и Џафери очекуваат кој било пратеник од ВМРО ДПМНЕ да гласа за уставните измени, прашува тој.
„Иако е претседател на Собранието, тој е само еден од пратениците и за вакво прашање претпоставувам дека треба собраниска одлука, но сигурно не е надлежен да толкува уставност на што било, вклучувајќи ја и оваа иницијатива. Затоа белким го имаме Уставниот суд, каде што веројатно ќе заврши оваа работа, доколку се опстои на оваа одлука“, вели Кржаловски.
Со овој потег, кој нему му наликува самоволие, вели дека уште еднаш се покажало зошто е толку девалвирано Собранието, кое сѐ повеќе личи на обложувалница, а со ова – и на ранч од Дивиот Запад, пишува Дојче веле.
Кржаловски,вели дека е нејасно кому му е потребна ваква одлука и зошто е донесена.
„Ќе се спречи референдум? Па, веројатно уште утре ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе нова иницијатива со малку модифицирано прашање и ќе го прави тоа сѐ додека не се донесе собраниска одлука за референдум. А паралелно ќе тера постапка и во Уставниот суд за оваа одлука на Џафери…“ додава тој.







