Фон дер Лајен: Русија претпочита да го гори, наместо да го продава гасот

Шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен говорејќи за енергетската криза од која е погодена Европа поради војната во Украина и снакциите против Русија, таа оцени дека пазарот на гас „повеќе не функционира ” и дека Русија „манипулира” со него за да ја казни Европа за поддршката за Украина, јави дописникот на МИА.



„Тие претпочитаат да го согоруваат својот гас отколку да го испраќаат во Европа“, рече Фон дер Лајен.

Фон дер Лајен предлага ограничување на „приходите на компаниите кои произведуваат електрична енергија по ниска цена” и „кризен придонес” од производителите на фосилни горива. Се надева дека тоа ќе ослободи 140 милијарди евра.

-„ешко е да се прифати дека некои ја користат војната и прават мега-профити на грбот на граѓаните“, рече таа.