Министерството за одбрана објави Јавнен оглас за прием на 200 професионални војници на служба во Армијата.
Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена, вклучувајќи го и денешниот ден.
Согласно новите законски измени за служба во Армијата, идните професионални војници од моментот на склучување на договор ќе земаат почетна плата над 25.000,00 денари со дополнителни над 9.000,00 денари – средства за станбено обезбедување од 01.01.2023 година,“ појаснуваат од МО.
Условите за пријавување на лицата на јавниот оглас се да се државјани на Македонија; да се полнолетни; да имаат завршено најмалку средно образование; да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и да се здравствено и физички способни.
Во постапката за избор, кандидатите за професионални војници ќе подлежат на тестови за физичка подготвеност и на здравствени прегледи спроведени од посебни комисии.







