Осумнаесет општински претставници на Москва и Санкт Петербург бараат оставка од Путин.
Тие потпишаа јавна изјава во која бараат рускиот претседател Владимир Путин да поднесе оставка.
„Ние, општинските претставници на Русија, веруваме дека постапките на претседателот В. Путин и штетат на иднината на Русија и нејзините граѓани. Бараме оставка на Владимир Путин од функцијата претседател на Руската Федерација!“ се вели во соопштението.
Масовното незадоволство доаѓа откако беше објавено дека Русите изгубиле голем дел од своите позиции во Украина, кои ги контролираа со месеци.
Украинскиот претседател синоќа соопшти дека само од почетокот на овој месец, украинската армија повратила 6.000 квадратни километри окупирана територија.






