По пет години од светската премиера и освојувањето на светската критика и публика, „Македонисимо“ на маестро Симон Трпчески и пријателите си доаѓа дома. Претпремиерата беше во струшко Збажди на Богородица, на 14 септември ќе биде изведен во Скопје и на 25 и 26 септември во Штип и во Битола.
Ова како поента ќе го спомене маестро Симон Трпчески, во октомври 2021 година, во пресрет на изведбата на Пијано концертот бр. 2 од Франц Лист на концертот „Данте 700“ со кој оркестарот на Филхармонија, под диригентство на маестро Габриел Бебешелеа, ја отвори сезоната „Во движење“.
Во таа пригода запрашан зошто и по речиси половина декада и бројни претставувања во светот тој со своите соработници во татковината сеуште не ја сторил промоцијата на проектот „Македонисимо“ Симон Трпчески со појаснување дека тој не е е оној кој треба да го даде одговорот, туку институциите во земјава.
А, по 11 месеци од таквата констатација, на 15-годишнината на Здружението за култура и уметност „КултурОп“, чија основна задача е токму поддршката на нашиот пијанист од светски глас, „Македонисимо“ конечно пристигна дома. Најнапред претпремиерно во струшкото село Збажди на Богородица, за да потем домашната јавност биде поканета да ги проследи отворените концерти на 14 септември на платото пред Националната опера и балет во Скопје и нешто потоа, на 25 и 26 септември пред публиката во Штип и во Битола.
Трпчески и неговиот квинтет од светската критика. Така реномираниот критичар Нејтан Феро, во најстариот американски магазин специјализиран за рецензии „Америкен Рекорд Гајд“, пишува:„Македонисимо“ воспоставува рамнотежа помеѓу традицијата и оригиналноста. Без оглед дали е дадена прогонувачка и потресна мелодија, носталгична, лирска балада или вртлог од енергично, славеничко танцување, музичарите внесуваат силно чувство и непречена радост во музиката. Силно му го препорачувам овој албум на секој љубител на музика“.
Целиот текст на следниот линк:
https://www.slobodnaevropa.mk/a/%D1%81%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D0%BD-%D1%82%D1%80%D0%BF%D1%87%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B8—%D1%98%D0%B0%D1%81-%D1%81%D1%83%D0%BC-%D0%B2%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%82-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%86-/32029852.html




