Илјадници луѓе маршираа во Варшава како дел од демонстрациите на десничарите на Денот на независноста во чест на раѓањето на полскиот народ како нација во 1918 година, откако беше „збришан од картата“ цели 123 години, пренесе АП.
Претседателот Анджеј Дуда ја предводеше државна церемонија, но некои учесници не се воздржаа од ксенофобични и расистички слогани.
Имаше транспаренти како „Европа ќе биде бела или без луѓе“, се пееше „Нашиот начин е национализмот, удри удри по либерализамот“, „Бела католичката Полска“ и слично.
Атмосферата наликувала како на фудбалски натпревари – пренесуваат агенции – со запалени факели, петарди и огномет.
Гостите на полскиот екстремистички Националниот радикален блок, кој го организираше маршот, кои дојдоа од Словачка и Италија ја повикаа Европа да се обедини против, како што рекоа, нео-марксистите во Европската унија и исламистите велејќи дека „Европа треба да се биде христијанска и бела или ќе пропадне.”
Се слушнаа пароли како„на дрва, наместо на листови да висат комунисти“, против припадниците на ЛГБТ и радикални антиукраински повици.
Маршот го обезбедуваа над 6.000 полицајци кои добија засилување од регионот.
Денот на независноста го означува враќањето на полскиот суверенитетот на крајот на Првата светска војна, откако земјата беше поделена и контролирани од страна на Русија, Прусија и Австро-Унгарија од крајот на 18 век.





