Грчка крајбрежна стража стрелала кон турски товарен брод (ВИДЕО)

Турските медиуми објавија видео снимено од екипажот на турски товарен брод кој во саботатата бил „нападнат“ од припадници на грчката крајбрежна стража.



Според турската страна, бродот „Анадолија“ под знамето на Коморите претрпел помала штета од грчко огнено оружје.

Грчката крајбрежна стража, сепак, инсистира на тоа дека кон пловилото биле испукани само предупредувачки истрели.

Според турското Министерство за внатрешни работи, товарниот брод бил „малтретиран“ од грчката крајбрежна стража додека пловел кај турскиот остров Бозџада во меѓународни води.

според грчката верзија, бродот „Анадолија“ бил забележан како се движи „сомнително“ во домашните води на земјата северозападно од Лезбос, голем грчки остров лоциран во близина на турскиот брег.