Градоначалничката на Скопје денеска остана без генералниот секретар на градот Ѓоко Велковски кој се откажува од моќната позиција во главниот град незадоволен и разочаран од слабиот потенцијал за работа и несоработката од градоначалничката Арсовска во реализацијата на капиталните проекти за градот Скопје.
Велковски кој е и советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Чаир морал да избере меѓу позицијата советник во оваа општина и генерален секретар на градот Скопје.

Разочаран од Арсовска тој заминува од важната функција во град Скопје.
,,Ветувањето кон скопјани беше модерна метропола, а резултатите да бидат брзи и сигурни.
По течиси една година во Градот можам да кажам дека таму има поединци и професионалци вработени во градот кои со децении придонесуваат за развој на градот и им благодарам за соработката, пожртвуваноста и нивниот придонес. Но воедно залуден е мојот и нивниот ентузијазам кога Арсовска покажува затвореност, поинакви приоритети од ветените, слаба динамика во темпото на реализација додека проблемите се наталожуваат”, објаснува Велковски зошто си оди.
Со заминувањето на Велковски кој е кадар на ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно се потврдуваат информациите дека градоначалничката на Скопје која беше избрана со помош на ВМРО-ДПМНЕ веќе не соработува оваа партија.
,,Како човек кој секогаш одговорно и професионално си ги извршувал своите работни задачи морам да потенцирам дека за мене беше вистински предизвик да бидам на позицијата генерален секретар на Градот Скопје, особено што тоа е место каде човек може вистински да се вгради во развојот на Скопје и да работи на вистинско решавање на бројните проблеми на скопјани.
На ова место дојдов со ентузијазам и план да воспоставиме вистинска работна пракса и да ги покренеме процесите кои повеќе години претходно беа заглавени и далеку од потребното ниво.
Со оглед на тоа што на оваа позиција дојдов откако претходно бев избран за советник во општината Чаир, кое е местото каде што живеам и каде што исто така имам обврска да придонесувам барав Државната комисија за спречување на корупцијата да се изјасни за таквата ситуација.
Тие овие денови ме известија дека ќе морам да се определам за една од тие две позиции, при што јас донесов одлука да си заминам од позицијата генерален секретар на градот Скопје и да се посветам на советничката функција каде сум избран од граѓаните на Чаир.
Оваа моја одлука ја донесов и поради фактот што сум разочаран од слабиот потенцијал за работа и несоработката од градоначалничката Арсовска во реализацијата на капиталните проекти за градот Скопје. Ветувањето кон скопјани беше модерна метропола, а резултатите да бидат брзи и сигурни.
По течиси една година во Градот можам да кажам дека таму има поединци и професионалци вработени во градот кои со децении придонесуваат за развој на градот и им благодарам за соработката, пожртвуваноста и нивниот придонес. Но воедно залуден е мојот и нивниот ентузијазам кога Арсовска покажува затвореност, поинакви приоритети од ветените, слаба динамика во темпото на реализација додека проблемите се наталожуваат.
Во таква една ситуација развојот на градот Скопје не е можен, иако граѓаните со право очекуваа по нејзиното стапување на функција многу повеќе.
Сакам да посочам дека јас ќе продолжам да придонесувам за Скопје од позицијата советник во Општина Чаир, останувам и посветен на мојата ВМРО ДПМНЕ и членовите на Општинскиот Комитет Чаир кој го предводам, благодарам за укажаната доверба и поддршката од сите мои пријатели и соработници, на поддршката од мојата партија и претседателот Мицкоски со кој продолжуваме да го остварувамe она што неминовно ќе мора да се случи за да Македонија се крене, промени за сигурна иднина!”, пишува Велковски во образоложението зошто заминува од градската функција.
Најнова вест
Сопственикот на најголемиот агрегатор на вести не се повлекува иако знае што следува
,,Лајте колку сакате”: Газдата на Time.mk не се откажува од пресметката со ботовите на СДСМ






