Австралискиот премиер Ентони Албанес објави дека сега не е време за промени откако тој самиот претходно ги постави темелите за републикански референдум за тоа дали да стане република, објави Гардијан



Премиерот, кој почна да ги подготвува Австралијците за дебата за прогласување на Австралија за република по неговата изборна победа во мај, вчера рече дека сега е време да се одаде почит на кралицата Елизабета Втора.

Тој рече дека нема да одржи референдум за тоа дали Австралија треба да стане република за време на неговиот прв мандат – кој трае три години.

Австралија последен пат одржа референдум за ова прашање во 1999 година и со мала разлика ја избра кралицата да остане шеф на државата.

Сепак, последните години од владеењето на кралицата покренаа прашања за иднината на монархијата во неколку земји на Комонвелтот.

Антигва и Барбуда ќе гласаат дали да станат република по смртта на кралицата Елизабета Втора и прогласувањето на Чарлс Трети за крал. Ова во неделата го изјави премиерот на земјата Гастон Браун.

Покрај Обединетото Кралство, кралот Чарлс III е шеф на државата во 14 земји – Антигва и Барбуда, Австралија, Бахамите, Белизе, Канада, Гренада, Јамајка, Нов Зеланд, Папуа Нова Гвинеја, Сент Китс и Невис, Св. Лусија, Свети Винсент и Гренадини, Соломонови Острови и Тувалу.