Реакција на ИХПМ за вестите дека деца лежат пред автомобили

Во врска веста дека македонски деца имаат нов опасен предизвик вечерва со соопштение до јавност реагира Интернет Хотлајн Провајдер Македонија.



,,Интернет заедницата е сведок на изјави на родители напишани по социјалната мрежа ФБ за несоодветно однесување на децата и младите во јавниот простор.

Некои од родителите пишуваа дека децата легуваат на улица и се натпреваруваат кој подолго ќе издржи да остане легнат додека автомобил се придвижува до местото каде децата/младите лежат.

Некои од родителите информираа дека тоа е нов предизвик на младите кои се корисници на социјалната мрежа Тик ток.

Некои од загрижените родители посочуваа дека таква појава е приметена исто и во Германија.

За тоа почнаа да информираат за тие настани како класичните медиуми, така и на електронските медиуми под вест со наслов: Се појави нов застрашувачки тик-ток предизвик кај македонските тинејџери
Здружнието Интернет Хотлјан Провајдер Македонија ги доби овие информации уште во петок, на ден 09.90.2022 год.

Откако ја добивме информации, активисти на здружението Интернет Хотлајн Провајдер Македонија почнаа да пребаруваат на посочената мрежа да проверат дали такви содржини постојат и со жал сакаме да информираме дека такви содржини до сега на посочената платформа не најдовме.

Здружението исто така ги замолува загрижените преставници на интенет заедницатата доколу имаат било какви сознанија за вакви активности или слични активности или примети таква содржина на интернет истата да ја пријави на нашата контакт ел. адреса: prijavi_na@yahoo.com со копиран линк од содржината.

Дел од коментарите на загрижени преставници на интернет заедницата и корисници на платформата ФБ сугерираа дека таква појава е приметена во земјите членки на ЕУ. Поради тоа, здружението побара од Инсафе координаторот да ја проследи информацијата до нсционалните центри за побезбеден интернет и информацијата да се провери во посочените земји, дали Центрите за побезбеден интернет во ЕУ имаат приметено таква појава.

Со оглед на тоа дека немаме проверени информации дека такви појави постојат на платформата Тикток сеуште, ја молиме интернет заедницата како и медиумската фела од воздржано известување за вакви настани со единствена цел, навремено и точно информирање на македонската јавност, пишува во реакцијата на ИХПМ од каде апелираат а да не се доведува македонската медиумска публика во заблуда, и при тоа да не се намали професионалниот интегритет на новинарите ги проследуваме следните информации до медиумите каде детално се објаснува што значи онлајн предизвик и зошто истиот се случува.

Текстот на ИХПМ е изработен од координаторот на ,,Инсафе” мрежата на центрите за побезбеден интернет на ЕУ врз основа на истражени информации, линк:

https://www.betterinternetforkids.eu/practice/articles/article?id=6706166