Србија обезбеди 1 милијарда долари евтин кредит од Емиратите

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој е во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, денеска изјави дека министерот за финансии Синиша Мали потпишал договор со ОАЕ, со кој Србија добива една милијарда долари, по поволна каматна стапка со само три отсто камата, јави дописникот на МИА од Белград.



-Ако излеземе на финансискиот пазар, тоа ќе нè чинеше најмалку 2,5 пати повеќе. Овој договор е како подарок и огромна поддршка за Србија, изјави Вучиќ за ТВ Пинк.