Нови гафови во обновеното владино сочувство за смртта на Елизабета Втора (ФОТО)

Лингвисти и луѓе со искуство во државен протокол за expres.mk тврдат дека и во новото владино соопштение во кое се изразува сочувство за смртта на кралицата Елизабета Втора има повеќе гафови кои не смеат да и се случат на една влада.



Една од грешките во новото соопштение објавено вчера е членување на зборот ,,име” во фразата ,,во името на граѓаните и владата на….” на почетокот на соопштението кое го замени првичното скандалозно соопштение во кое кралицата беше споредена со факел а во кое имаше низа други небулози.

Друга грешка е што владата во новото соопштение пишува дека Елизабета била составен дел на историјата, фраза која што досега не е користена за починат државник.

Во соопштението владата погрешно ,,на Ти” му се обраќа на новиот крал Чарлс а погрешно се означува и новата британска премиерка.

Шефицата на новата влада во Лондон погрешно се нарекува екселенција а во исто време згрешено и е и името наместо Лиза Трас таа се именува како Трус што е целосно погрешно според македонската транскрипција на имињата, тврдат лингвисти и експерти за протокол за expres.mk.

Посебен протоколарен проблем е што владата не оддава почит и кон кралското семејство од каде доаѓа титулата шеф на британската држава туку само кон владата во Лондон.

Што имаше во првото соопштение кое беше повлечено

Владата го повлече скандалозното сочувство за смртта на Елизабета Втора

Најчитано

Газдата на time.mk ги разоткри ботовите на Заев и СДСМ (ФОТО)