Украинскиот премиер Денис Шмихал соопшти дека неговата влада планира да позајми 1,5 милијарди долари од САДи за купување гас.



„Во Владата разговаравме за енергетската безбедност и за грејната сезона. Конкретно разговаравме за помошта на американските партнери при купување гас.

Водиме преговори за доделување транша во износ од 1,5 милијарди долари од САД од „Ексимбанка““, рече Шмихал, како што пренесе Украинска Правда.

Тој се заблагодари на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден за поднесувањето барање до Конгресот за доделување дополнителни 11,7 милијарди долари за Украина и зборуваше за чекорите на владата кон зајакнување на соработката со ММФ.