Ковачевски се пофали со добра соработка со Косово – а екстрадицијата на „монструмите“?

Премиерот Димитар Ковачевски во објава на Твитер за средба со лидерот на Демократската партија на Косово, Мемли Красниќи, се пофали со „добра соработка“ со соседот, a под твитот доби прашање за екстрадицијата на првообвинетите „монструми“ од Смилковско Езеро, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.



Ним скопскиот Апелациски суд пред неколку дена им ја потврди казната доживотен затвор за петкратното убиство на Величетврток во 2012 година, но тие се во бегство во Косово, а Приштина со години одбива да ѝ ги испорача на Македонија.