Стоилковски за изјавата на Заев: Ајде на избори и референдум да ја измериме вредноста

Додека Македонија се уште е во непремостлива поделеност од предавството и се дави во асимилација заради лажно добрососедството, творецот на двете катастрофи, Зоран Заев е убеден дека 75 отсто од народот ги поддржувал овие обезличувачки, предавнички и асимилаторски зафати, вели во соопштение портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски коментирајќи ја изјавата на поранешниот премиер.



Стоилковски вели дека ако Заев, Димитар Ковачевски и Стево Пендаровски се убедени во поддршка од 75 отсто од граѓаните, тогаш во најскоро време треба на терен да се измери вредноста.

Според Стоилковски, во ист ден треба да се распишат референдум, предвремени парламентарни и претседателски избори!