Дел од иранските дипломати, оперативци на иранските дипломатски и безбедносни институции кои беа протерани од Тирана по големиот сајбер напад се префрлиле во Македонија пренесуваат западни медиуми цитирајќи локални извори.
Албанската влада во средата му даде на персоналот на иранската амбасада 24 часа да ја напуштат земјата поради големиот сајбер напад за кој албанската влада го обвинува Иран. Тоа е прв познат случај на земја што ги прекина дипломатските односи поради сајбер напад.
Последните два автомобили на амбасадата со околу 10 патници го напуштиле комплексот во четвртокот близу пладне по многу движење во зградата во текот на ноќта.
Владини извори во Тирана одбиваат да кажат каде отишол персоналот на иранската амбасада, но локалните медиуми велат дека некои заминале од меѓународниот аеродром во Тирана, а други најверојатно се упатиле кон соседна Македонија.
Дали овие дипломати ќе останат во Макеоднија или ќе заминат веднаш кон Иран засега е непознато.
Доколку тие се закана за НАТО каде членува и Македонија тогаш владата во Скопје ќе нема избор и ќе мора да ги протера во скоро време.
Албанската полиција на специјалните сили вчера насилно ја насилно ја отворила вратата на иранската амбасада во Тирана а полицајците го опколија комплексот во кој таа се наоѓа, набргу откако и последните членови на персоналот ја напуштиле зградата по наредбата на владата да ги протераат.
Полицајците, во полна борбена опрема, први влегле во зградата, а по нив следеле други полицајци кои носеле опрема а биле придружувани од куче.
Областа на комплексот, лоцирана во центарот на главниот град на само неколку стотини метри од главните владини канцеларии, била опколена од полицијата, а на минувачите не им било дозволено да се приближат.
Движењето во иранската амбасада во Тирана било непрекинато во текот на ноќта. Во еден момент во комплексот било внесено празно буре и во него бил запален пожар при што очигледно гореле документи.
Со сајбер напад на 15 јули привремено биле затворени бројни дигитални сервиси и веб-страници на албанската влада. Премиерот Еди Рама во средата рече дека има „непобитни докази“ дека иранската влада стои зад нападот.
Соединетите Држави го поддржаа потегот на Албанија, членка на НАТО, и ветија неодредена одмазда против Иран за, како што го нарече „вознемирувачки преседан за сајбер просторот“.
Во средата, советникот за национална безбедност Џејк Саливан разговараше со Рама „за да ја изрази силната поддршка на Соединетите Држави за нашиот сојузник во НАТО.“ САД соопштија дека се обврзале да продолжат да работат заедно на „напорите за санација на Албанија и мерките за сајбер-безбедност“.
НАТО и изрази целосна поддршка на Албанија. Во соопштението се вели дека „најостро ги осудува таквите злонамерни сајбер активности дизајнирани да ја дестабилизираат и да ѝ наштетат на безбедноста на сојузникот и да го нарушат секојдневниот живот на граѓаните“.
Алијансата, исто така, вети дека ќе ја подигне „нашата стража од таквите малициозни сајбер активности во иднина и ќе се поддржуваме едни со други за да се одврати, да се брани и да се спротивстави на целиот спектар на сајбер закани, вклучително и со разгледување на можни колективни одговори“.
Европската унија, исто така, го осуди сајбер нападот, изразувајќи „целосна солидарност“ со Албанија.
„Нападот директно беше насочен кон критичната инфраструктура и влијаеше на испораката на јавни услуги за луѓето и бизнисите во Албанија“, рече шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел во изјавата. „Силно го осудуваме таквото неприфатливо однесување во сајбер просторот, што е спротивно на договорените норми за одговорно државно однесување.
Иран го осуди протерувањето на дипломатите, нарекувајќи ја акцијата непромислена и кусогледа, според иранската државна телевизија.
Во соопштението, иранското Министерство за надворешни работи негираше дека Техеран стои зад каков било сајбер напад врз веб-страниците на албанската влада, додавајќи дека Иран е цел на такви напади врз неговата критична инфраструктура.
Врските меѓу Иран и Албанија се напнати од 2014 година кога Албанија засолни околу 3.000 членови на иранската опозициска група Муџахедин-е-Калк, или МЕК, кои го напуштија Ирак.
Во јули, МЕК планираше да го одржи Светскиот самит на Слободен Иран во Манез, западно од Тирана, со американски пратеници меѓу поканетите. Состанокот беше откажан „од безбедносни причини и поради терористички закани и заговори“.
Во два одвоени случаи во 2020 и 2018 година, како што пренесуваат западните медиуми, Тирана протера четворица ирански дипломати поради „загрозување на националната безбедност“.






