Хрватската пратеничка Маријана Петир, основач и прв шеф на групата Пријатели на Македонија во Европскиот парламент до смената од Владата на Зоран Заев недолго по доаѓањето на власт, не пропушти да ѝ го честита Денот на независноста на државата што ја именува според волјата на огромното мнозинство Македонци.
„Среќен Ден на независноста Македонија!“, напиша на Твитер поранешната европратеничка и хрватски борец за „македонските правдини“.






