Полицијата во Канада во средата го уапси Мајлс Сандерсон вториот осомничен за нападите со нож во кои загинаа 10 лица, а 18 други беа повредени, објави Ројтерс.
Неколку часа подоцна, сепак, беше објавено дека тој починал во болница.
Полицијата соопшти дека тој бил приведен во Ростерн, Саскачеван.
Десет жртви остануваат во болница, од кои три се во критична состојба.
Двајцата осомничени за убиствата се браќа.
Демиен Сандерсон, беше пронајден мртов во понеделникот наутро.







