Партија која сака анексија на Македонија е трета политичка сила во Бугарија (АНКЕТА)

Новата анкета на агенцијата „Медиана“ за популарноста на бугарските политички партии покажува дека ултранационалистичка партија Преродба има 12,5 отсто рејтинг, што е ново рекордно високо ниво за оваа партија која едвај влезе во актуелниот парламент.



Преродба или Вазраждане во својата партиска програма пишува дека сака да ја анектира Македонија.

Веб-страницата на Препород има цела страница посветена на нивната политика за „обединување со Македонија“.

vazrazhdane.bg/programa/makedonia

Вазраждание според програмата се бори за: „Целосна економска, културна и политичка интеграција со Македонија, до целосна интеграција на двете бугарски држави“.

Следните бугарски избори се уште помалку од еден месец на кои според анкетите партијата која сака анексија на Македонија ќе стане трета политичка сила во Европа.

Во водство е ГЕРБ основана од Бојко Борисов а Партијата за промени на екс премиерот Кирил Петков е втора.

Дали Вазраждане може да влезе во владата и да се обиде да ја анкетира Македонија засега не е целосно јасно. Засега никој не најавува коалиција со оваа проруска партија но на бугарската политичка сцена се е можно.