Собрани потписи за иницијативата за референдум – Собранието е на потег

Собрани се над 500 потписи за неполн час, иако за иницијативата за референдум се потребни само 100, информираше лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку Фејсбук.



„Благодарам за брзиот одговор и иницијативност. Народот не сака решенија со кои се негира нашата посебност и идентитет. На потег е Собранието“, напиша Мицкоски.