„***** Македонија денес ја слави својата независност. Пред 31 година оваа земја ја прогласи својата независност, преминувајќи од комунистички систем во демократски. Оттогаш почна да се инсталира демократијата на ајдуклакот. Сега нема повеќе надеж дека ќе ја биде оваа држава, таа ќе остане пустина.“ – вели универзитетскиот професор по евроинтеграции Муамер Пајазити во својата колумна со наслов „Независноста на Македонија и демократијата на ајдуклакот“, која ја објавија информативната агенција ИНА и други медиуми на албански јазик.
Пајазити пишува: „Крадците под маската на политичари прво ги приватизираа фабриките, а потоа целосно ги уништија. Ги продадоа за старо, а работниците ги оставија на улица на милост и немилост на судбината. Потоа организирани во политички партии, крадците продолжија и ја заробија државата, извлекуваа пари од државата, крадеа од даноците на граѓаните, се збогатија…
„Заради тоа, го растурија правосудството, за да не би ги следел никој. Во правосудството инсталираа судии зависни од нив. Го уништија образованието, експериментирајќи со реформи, за да добијат колку можат повеќе тендери и да крадат.“
„Мнозинството на наставниците и просветните работници осиромашија, им го одзедоа достоинството, ги сторија аргати за политички кампањи. Ниту еден клинец не заковаа во здравството. Болниците останаа такви какви што беа изградени во времето на Тито. Отворија современи приватни болници, за да им ги извлекуваат парите на сиромашните луѓе.“
„Има уште многу, но и толку е доволно, за да се опише демократијата на ајдуклакот, која започна да се инсталира по независноста. Сега нема повеќе надеж дека ќе ја биде оваа држава, таа ќе остане пустина, оти младината бега од неа.“
Home Македонија Пајазити: „Ајдуклак, 31 години – политичарите и партиите ги испокрадоа граѓаните и...





