Рускиот претседател денеска се закани дека Русија нема да извезува ерергенсси за Европската унија.
Тој, европските повици за ограничување на цените на рускиот гас ги нарече „глупави“ и ќе доведат до повисоки цени на енергенсите во светот и економски проблеми во Европа.
„Нема да испорачаме ништо ако тоа се коси со нашите интереси, во овој случај економски. Ниту гас, ниту нафта, ниту јаглен… Ништо, додаде тој.
Според него, доколку на Европа не и треба руски гас, тој ќе се извезува во други земји.
Тој ја нарече идејата на Европската унија (ЕУ) да воведе плафон на цената за рускиот гас за „непазарна глупост“, што ќе доведе до нов круг поскапувања на енергијата, пренесува Спутник.
„Уште една глупост, глупост, која ќе доведе до понатамошен раст на светските пазари, вклучително и во Европа. Ништо не може да се реши административно во сферата на економијата и светската трговија“, вели Путин.
Изјавата доаѓа откако земјите на Г7 минатата недела го објавија планот кој предвидува да се ограничи способноста на Русија да обезбеди танкери во земји надвор од Унијата.
„Русија ќе се повлече од договорот за снабдување доколку Западот спроведе план за ограничување на цените“, рече Путин.
„Дали ќе има политички одлуки спротивни на договорите? Да, нема да ги исполниме. Нема да извезуваме ништо ако тоа е спротивно на нашите интереси“, најави тој.
Русија е втор најголем извозник на нафта по Саудиска Арабија и е најголем извозник на гас и жито.
Европа досега увезувала 40 отсто гас и 30 отсто нафта од Русија.






