ЕТМТ Енерџи е фирмата која годинава најмногу купувала вишоци на струја кои ги продава АД Електрани на Северна Македонија- ЕСМ, објави Радио Слободна Европа.
Фирмата ЕТМТ Енерџи, е формирана лани во март, а нејзин сопственик е фирма од Албанија.
Според документацијата достапна на интернет страницата на АД ЕСМ, продажба на вишок струја се вршела речиси во сите месеци освен јануари и април. ЕТМТ Енерџи за тоа време купила вкупно 17.990 мегавати струја. За разлика од останатите фирми кои заедно годинава купиле вишок на струја од 11.300 мегавати.
Наместо во Албанија ноќниот виок струја да се продава овде
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изминатиов викенд реагираше дека со продажба на ноќните ишоци на струја се врши грабеж на граѓаните.
Како пример ја посочи продажбата на струја на ЕТМТ Енерџи за периодот од 30 август до 6 септември по цена од 337 евра за еден мегават час.
Срујата која ја купила фирмата потоа за 525 евра за мегават час ја продала на албанската државна енергетска компанија КЕШ. Со, тоа, како што посочи лидерот на опозициската партија, државата и граѓаните биле оштетени за околу 10 милиони и 800 илјади денари или 175 илјади евра, изјави Мицкоски, потсетува РСЕ.






