„Поради политиката на западните земји, кризата со храна се зголемува. Тоа може да доведе до невидена хуманитарна катастрофа“, оцени рускиот претседател, според кој, Запад е одговорен за глобалното зголемување на цените на храната, бидејќи купува залихи на храна и на тој начин го „провоцира“ растот на цените.
„Тоа може да се претвори во трагедија за најсиромашните земји“, рече Путин, додавајќи дека „санкциите против Русија се закана за целиот свет“, пренесе Индекс.хр.
Владимир Путин предложи да се разгледа можноста за ограничување на извозот на жито од Украина во Европа и ќе разговара за ова прашање со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој го изјави ова на пленарната сесија на Источниот економски форум, што се одржува во рускиот град Владивосток, пренесува ТАСС.
„Можеби треба да размислиме за ограничување на извозот на жито и друга храна по оваа рута (од Украина до Европа).
Путин ја нарече „уште една дрска измама“ ситуацијата со извозот на жито од Украина во земјите на кои не им се потребни овие залихи.
Путин се пожали дека договорите за жито не прецизираат колку храна од Украина треба да оди во земјите во развој.
Во различни медиуми се појавија коментари дека иако целта на договорот за жито беше да се обезбеди критична храна за гладните во Азија и Африка, многу бродови се упатуваат кон Европа, потсетува Њуз.бг






