Одлуката на Апелацискиот суд за потврдување на квалификацијата „терористички акт“ за случајот „Монструм“, како и за отфрлање на жалбите на петтемина обвинети, од кои тројца казнети со доживотен затвор, го наметнува прашањето за одговорноста на поранешниот премиер Зоран Заев за лагата дека „невини луѓе лежат во затвор“ за петкратното убиство кај Смилковско Езеро во 2012 година.



Три години подоцна, во рамките на неговата кампања „Вистината за Македонија“, како главен адут во уривањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, тогашниот лидер на СДСМ тврдеше дека има прислушувани материјали што фрлаат поинакво светло врз случајот и оти ќе обелоденел „болна вистина“: