Размената на територии меѓу Косово и Србија би била фер, изјавил градоначалникот на Бујановац Нагип Арифи, јави дописникот на МИА од Белград.
Според косовски медиуми, Арифи рекол дека „би било коректно Србија да го земе делот северно од Митровица, а Косово Прешевската долина (Бујановац, Прешево и Медвеѓа)“.
Арифи рече дека ова прашање го покренал на почетокот на средбата со косовскиот вицепремиер Бесник Бислими во понеделникот во Бујановац, а како што додаде, Бислими „не одговорил и можеби бил изненаден во тој момент“. –
„Мислам дека тоа е најдобро решение за Албанците од Прешевската долина како и за Косово. Претседателот Вучиќ (Александар) секогаш спомнуваше компромис и веројатно мислеше на такво нешто. Меѓутоа, тој смета дека само дел од Прешевската долина треба да му се даде на Косово и за возврат да го добие северот, но целата долина треба да му се даде на Косово, рече Арифи за приштинска „Коха“.
Арифи додаде дека е оптимист оти „еден ден ќе има размена на Прешевската долина за северот на Косово“ иако, како што рече, за ова не ги контактирал српските лидери.







