Последните две германски нуклеарни централи ќе останат во функција до април следната година, Објави Гардијан.
Германските власти го одложуваат најавеното затворање на последните нуклеарни централи поради енергетската криза предизвикана од војната меѓу Русија и Украина.
Германскиот министер за енергетика Роберт Хабек изјави дека владата не отстапува од плановите за напуштање на нуклеарните централи, но дека ќе ги задржи во резерва две од трите преостанати нуклеарни централи.
„Ќе направиме се што е потребно. „Меѓу мерките ќе биде и задржувањето на нуклеарните централи (Isar 2 i Neckarwestheim) како оперативни резерви“, рече Хабек.
Тие две нуклеарни централи се со моќност од 1.400 мегавати.






