Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека Русија не треба да биде етикетирана како државен спонзор на тероризмот, нешто што Украина веќе некое време го бара од Западот поради инвазијата, пренесе Ројтерс.
Москва предупредува дека ваквата етикета целосно ќе ги урне руско-американските односи.
На новинарско прашање дали Русија треба да биде означена како државен спонзор на тероризмот, Бајден кратко одговори: „Не“!
Дел од американските пратеници претходно предложија Русија да се означи како спонзор на тероризмот.






