Кремљ и „Газпром“ со различни изјави зошто нема руски гас за ЕУ

Официјален Кремљ и Газпром даваат сосема различни причини за тоа што речиси една недела гасот не тече кон Европа преку гасоводот Северен тек 1, објави Гардијан.



Според, Дмитриј Песков, портпаролот на Владимир Путин, „санкциите што на нашата земја и ги наметнаа западните земји, вклучително и Германија и Обединетото Кралство“ се виновни за прекинот на испораката на гас преку гасоводот „Северен тек“.

„Нема други причини кои би предизвикале проблеми со испораката на гас“, рече Песков.

Истиот ден, заменик-шефот на управата на рускиот „Газпром“, Виталиј Маркелов, даде сосема друга причина – проблеми со одржувањето.

Тој рече дека гасот нема да тече низ Северен тек 1 додека германската компанија Сименс енерџи не ја поправи опремата.

„Прашајте го Сименс. Тие прво треба да ја поправат опремата“, рече Маркелов на прашањето кога гасот ќе почне повторно да тече низ Северен тек на 1 јануари.