„Би сакал да го потсетам следново за Грција, која неодамна ги зголеми малтретирањето и грубоста кон нашата земја. Грција не е на наше ниво, бидејќи не ни е еднаква ниту политички, ниту економски, ниту воено“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по состанокот на владата во турската престолнина Анкара.
Ердоган ѝ се заканина Грција: Една вечер ненадејно ќе дојдам
Изминатиот викенд, Ердоган ја предупреди Грција да не оди предалеку, предупредувајќи дека Турција ќе го направи она што е потребно кога ќе дојде време, јавува Anadolu Agency.
„Грција треба да ја погледне историјата и да се врати во времето; ако одите предалеку, цената ќе биде висока. Имаме една работа да и кажеме на Грција: Запомнете го Измир“, рече претседателот, мислејќи на крајбрежниот регион на Турција окупиран од рчката војска пред еден век, додека турските ослободителни сили не ја избркаа.
Според извори од турското Министерство за национална одбрана, Грција само во првите осум месеци од 2022 година го нарушила воздушниот простор и територијалните води на Турција повеќе од 1.100 пати.







