Резервите на оружје на земјите од ЕУ се сериозно „исцрпени“ по испраќањето оружје во Украина, предупреди шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Pрвиот дипломат ги повика земјите-членки да ги надополнат своите арсенали, велејќи дека најдобриот начин да се направи тоа е „заедно“, бидејќи „ќе биде поевтино“.
Борел, исто така, призна дека ЕУ требало да започне со обука на украинските војници пред една година кога тоа го повикале некои земји-членки, велејќи дека ако тоа се случеше „ќе бевме во подобра ситуација“.
Минатата недела, на неформалниот состанок на европските министри за одбрана во Прага се разговараше за мисија за воена обука на ниво на ЕУ во Украина, како и за подобро здружување на воена опрема и ресурси, пишува Politico.
Во јули, ЕУ го зголеми финансирањето на воената поддршка за Украина за 500 милиони евра.
Од почетокот на руската војна во Украина, ЕУ и обезбеди на Украина воена помош во вредност од околу 2,5 милијарди евра преку т.н. Европскиот мировен механизам, при што дел од оружјето доаѓа од сопствените залихи на земјите.







