Украинскиот премиер Денис Шмихал на состанокот на Советот за асоцијација ЕУ – Украина во Брисел ја процени на 326 милијарди долари штетата што неговата земја ја претрпе во досегашните 194 дена војна со Русија на своја територија.
Според премиерот, 326 милијарди долари се директна физичка штета што украинската влада можела да ја потврди заедно со експерти од Светска банка.
Од оваа сума ќе треба да се потрошат 105 милијарди долари за обновување на уништеното, додаде Шмихал.






