Исклучен и последниот реактор во украинската нуклеарна централа Запорожје

Последниот оперативен реактор на нуклеарната централа Запорожје беше исклучен од украинската мрежа откако електричните столбови беа оштетени од руско гранатирање, објави украински Енергоатом. Електраната, најголемата во Европа, беше заземена од руските сили во март, но со неа сè уште управува украинскиот оператор Енергоатом.



Како резултат на пожарот предизвикан од гранатирање, денеска беше исклучен и последниот далновод за пренос (на струја)“, објави Енергоатом на Телеграм. „Следствено, реакторот 6, кој ја снабдува електраната со струја, беше исклучен од мрежата“, се додава во соопштението. Областа на електраната во последните месеци постојано е гранатирана, за што меѓусебно се обвинуваат Москва и Киев.